Славеничка атмосфера во штабот на Максим Димитриевски во Куманово

Во Куманово, симпатизерите на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ синоќа со музика и славеничка атмосфера ја прославија победата во првиот круг од локалните избори.

Според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 42,51 проценти од избирачките места, Димитриевски освоил 4 837 гласа, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Мартин Костовски, добил 1 705 гласа.

Во централниот штаб на ЗНАМ владеела победничка атмосфера уште од моментот кога почнало броењето на гласовите по 19 часот. Членовите и симпатизерите внимателно ги следеле резултатите кои пристигнувале од избирачките места, а со секоја нова информација растело задоволството и ентузијазмот меѓу присутните.

Очигледно било дека изборната трка во Куманово се сведува на натпревар меѓу Максим Димитриевски и кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски, при што предноста на Димитриевски се зголемувала како што пристигнувале новите податоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *