Пенов вели дека како советник ќе се бори и нема да молчи

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов ќе биде советник во градскиот совет.Пенов стана советник како носител на советничката листа на коалицијата „Искуство за успех“ – Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

„Влегувам во советот не за да преспијам четири години или да молчам, туку да се борам за подобро Скопје со решенија и проекти кои се надевам ќе бидат слушнати од останатите советници и новиот градоначалник кој и да биде тој. Довербата која ја добив од вас е сила која ме обврзува да се залагам за нормализирање на ситуацијата во градот, да бидам разумот кој ќе поддржува добри проекти, но и кој ќе се спротистави жестоко кога работите нема да одат во добар правец“, напиша меѓу другото Пенов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *