Актуелниот градоначалник на Крушево, Томе Христоски, пред неколку моменти се огласи на социјалните мрежи по првиот изборен круг, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ има убедливо водство во оваа општина.
„Околу 400 гласови во наша корист! За многу малку фалеше победа уште во првиот круг – но тоа само уште повеќе нè мотивира! Во вториот круг продолжуваме посилно, пообединето и со јасна цел – кон конечна победа!“, напиша Христоски.
Тој изрази уверување дека граѓаните на Крушево повторно ќе ја дадат својата поддршка за политиките на СДСМ и за, како што истакна, „слободарска, заедничка и еднаква општина за сите“.
Христоски порача дека тимот на СДСМ влегува во вториот круг со нова енергија и јасна определба да ја заврши започнатата работа во интерес на сите жители на Крушево.